Челзи загуби меч на кој утна пенал, имаше 77 отсто посед, а Вест Хем пола полувреме беше со човек помалку

Вест Хем го доби лондонското дерби против Челзи со 3-1 и ова е најубавото нешто за фановите на Чеканите на кои Сините им се најомразен клуб.

Резултатот не е логичен според статистичките показатели, Челзи имаше 77 отсто посед на топката, повеќе шутеви и изведени корнери, плус тоа при 1-1 не реализираа пенал (Енцо Фернандес беше прочитан од голманот Ареола), а и последната четвртина од средбата ја одиграа со човек повеќе на терен, но и тоа не го искористија.

Агуерд даде гол, а доби и црвен картон, Ворд Праус имаше две асистенции, додаде и при голот на Мајкил Антонио. Точка стави Лукас Пакета од пенал во судиското продолжение. За Челзи погоди младиот Карни Чуквуемека на кого ова му е прв премиерлигашки погодок.

После две кола во Премиер лигата сезонава, Вест Хем има 4, а Челзи еден бод.

- Оглас -

Најнови вести