За првпат по Втората светска војна откажан Вимблдон!

Ниту најпознатиот тениски турнир, популарниот Вимблдон не остана имун на Коронавирусот. Како што веќе неколку дена се шпекулираше, организаторите на турнирот потврдија дека оваа година нема да има возбудувања на тревните терени на неофицијалното светско тениско првенство.

Оваа година требаше да биде 134-тото издание на Вилмблдон, но организаторите потврдија дека нема да има одложување на терминот, туку дефинитивно откажување и чекање на 2021 година.

Ова е првпат по Втората светска војна да не се одигра најпопуларниот тениски турнир во светот. Претходно беа откажани неколку Мастерс турнири, Ролан Гарос е поместен за септември, а засега не се знае што ќе биде со Отвореното првенство на САД.

- Оглас -

Најнови вести