За првата трка сезонава во Формула 1, Sport Life ви нуди дури 109 различни опции за типување (Фото)

Попладнево на патеката „Сакир“ во Бахреин ќе се вози првата трка годинава во Формула 1 шампионатот, и за таа прилика, обложувалницата Sport Life подготви супер богата понуда која содржи дури 109 различни опции за типување.

Макс Ферстапен кој оди по третата шампионска титула по ред, вчера имаше најдобро време на квалификациите, па денеска ќе тргне од пол-позицијата. Во последните 20 години, дури 14 пати пилотот кој бил на пол-позиција на првата трка, на крај станал и шампион.

Главни конкуренти на Холанѓанецот ќе му бидат тимскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез, и Шарл Леклер од Ферари, а шанса за изненадување од позадина ќе бараат Шпанците Карлос Саинс и Фернандо Алонсо, додека за двајцата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, и место на подиумот би бил успех.

Во Sport Life може да се обложите кој пилот ќе победи, од кој тим ќе биде победникот, кој пилот ќе има најбрз круг, или од кој тим ќе биде извозен најбрзиот круг, од која стартна позиција ќе биде победникот, кој пилот ќе се најде на првите три позиции, тука се и дуелите помеѓу тимските колеги, а може да се обложите и на тоа кој пилот прв ќе се откаже, и кој прв ќе влезе во пит-стоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести