За Роналдо нема зима – Царува и на социјалните мрежи, еден твит му носи скоро милионче

Кристијано Роналдо е највлијателниот спортист на планетата според истражувањето што го спроведе маркетинг платформата „Опендорс“.

Роналдо има неверојатни 82.7 милиони следбеници на Твитер и според проценката на „Опендорс“ секој твит поединечно му вреди 868.606 илјади евра.

Зад него е Андрес Иниеста со 590 илјади евра за секој пост што ќе го напише на Твитер, е трет е Нејмар со проценета вредност од 478 илјади евра за секој твит.

Роналдо е и еден од најплатените спортисти на планетата, а во јули 2018 година со трансферот вреден 100 милиони евра од Реал Мадрид во Јувентус стана најскапиот играч што има повеќе од 30 години.

 

- Оглас -

Најнови вести