8.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Само за 12 секунди на патеката, Вон заработи 200.000 долари, 13 пати повеќе од тоа што доби за медалот во 2018 година

Американската скијачка Линдзи Вон имаше неславен настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина откако уште на првата трка, во спустот, доживеа тежок пад. Вон претрпе тешка повреда на ногата со сериозни скршеници, поради што веднаш имаше неколку хируршки интервенции.

Со овој пад Вон имаше неславен крај на една од најуспешните скијачки кариери во историјата.

Интересно е дека Вон само за 12 секунди, колку што остана на патеката пред да падне, заработи неверојатни 200.000 долари. Таа сума е полниот износ кој Американскиот олимписки и параолимписки комитет ја одреди за секој спортист кој ќе биде дел од овој собир, без разлика на остварениот пласман и резултат.

Интересно е дека на претходните ИО во Париз, американските спортисти за освоен медал добиваа помала сума пари. За злато добиваа 37.500 долари, за сребро сумата беше 22.500 долари, додека бронзениот медал се вреднуваше 15.000 долари.

Токму 15.000 долари доби Вон за освоениот бронзен медал на ЗОИ во Пјонгчанг во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести