За шест минути примија три гола – Џабе „фрлија“ 150 милиони на засилувања кога редат порази

Екипата на Нотингем Форест летово потроши 150 милиони евра на засилувања, а најголемиот дел од нив беа дадени во последните денови од трансфер периодот.

Дојдоа 22 играчи, но овој тим реди само порази. Овојпат подобар беше Фулам кој што славеше со 3:2 и тоа на „Сити граунд“ во Нотингем во рамките на осмото коло од Премиер Лигата.

Домаќините поведоа со голот на Таиво Авонији во 11-та минута и се наговестуваше дека ќе има радост на нивните навивачи, но во вториот дел се случи целосен пресврт.

Кени Тете (54′), Паулиња (57′), Харисон Рид (60), ги најавија трите бода за гостите, додека конечниот резултат беше дело на Луис Обрајен во 73-та минута.

Нотингем останува на едната победа до сега и вкупно четирите бода, што е доволно само за претпоследното место. Додека, пак, Фулам продолжува со добрите игри и стигна до бројката од 11 бодови.

Во вториот меч од вечерашната програма, Астон Вила со 1:0 го победи Саутемптон. Стрелец на единствениот гол беше Џејкоб Рамзи во 41-та минута.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести