За Шведска, мечот со Летонија е загревање за дербито со Русија

Хокеарската репрезентација на Шведска попладнево, од 16.15 часот се среќава со Летонија во меч во кој е голем фаворит и може да се изедначи со Чешка на второто место во групата зад непоразената Русија. На СП во хокеј на мраз, кое се одржува во Словачка, утре завршува групната фаза, по што ќе се играат четврт-финалните двобои и сега битката е за што подобра позиција и полесен противник во следната рунда.

Швеѓаните загубија само од Чешка, а утревечер играат со Русија, која во шесте настапи има шест победи со гол-разлика 29-3. Утре се игра уште една „класика“, САД против Канада.

Во составот на Русите се Овечкин, Малкин, Кучеров, Ковалчук и важат за главни фаворити за златото. Русите во четврт-финалето веројатно ќе се сретнат со Германија, но прво ќе мора да освојат еден или три бода против Шведска.

Најголемо разочарување на шампионатот е домашната Словачка, која остана без четврт-финале.

- Оглас -

Најнови вести