За среќа нема коронавирус – Љајиќ е во стабилна ситуација, имал воспаление на крајниците

Бепикташ и со соопштение ги демантира шпекулациите на дел од турските медиуми, дека е можно Адем Љајиќ да е заболен од коронавирус.

Сепак, како што тврдат од таборот на турскиот гигант, информациите се невистинити, а Љајиќ кренал висока температура поради воспаление на крајниците.

„Категорично демантираме дека Адем е забиолен од коронавирус. Тоа се непроверени и неточни информации. Навистина е болен и имаше висока температура, но тоа е од воспаление на крајниците. Состојбата му е стабилна, медицински е згрижен и му посакуваме брзо да се врати на фудбалските терени“, соопштија од таборот на Бешикташ.

Љајиќ денеска нема да игра во дербито на турското првенство меѓу Бешикташ и Трабзонспор, но се очекува од идната недела да почне ад тренира со соиграчите.

 

- Оглас -

Најнови вести