За тоа колку е досадно на „Енфилд роуд“ доволно покажува оваа фотка

Ливерпул како да реши да се опушти откако ја прослави титулата во Примера дивисион. Англискиот гигант кој 30 години чекаше титула во домашното првенство, по освојување на зацртаната цел, сега некако делува незаинтересирано. Во минатото коло на гости кај Манчестер сити, тимот на Јирген Клоп загуби со 4:0, а сега на својот „Енфилд роуд“ игра досаден меч против Астон вила.

По 60 минути немаше погодоци, а за тоа каква е атмосферата на празниот стадион доволно зборува и фактот дека Роберто Фирмино кој беше на клупата за резерви, во еден момент задрема. За да не го преспие и второто полувреме, Клоп реши во вториот дел да го внесе Фирмино во игра.

- Оглас -

Најнови вести