За цела сезона одигра само 567 минути, но Барселона реши да му го продожи договорот

Серхи Роберто е играч кој целата кариера ја поминува во еден дрес, тој на Барселона. Фудбалерот кој може да игра во средниот ред или како централен дефанзивец има поминато три години во младинскиот тим на каталонскиот гигант, а во 2010 година дебитираше за првиот состав.

Досега одигра вкупно 12 сезони, односно 316 натпревари за Барселона. Минатата сезона Роберто имаше чести повреди, па одигра само 567 минути во 12 меча, во кои постигна и два гола.

Роберто со Барселона има освоено шест титули во Примера дивисион, две во Лигата на шампионите и шест трофеи во Кралскиот куп. Иако имаше понуди да замине во САД, Роберто, кој има и 11 настапи за шпанската репрезентација, останува во дресот на неговиот матичен клуб.

- Оглас -

Најнови вести