За Вест хем ќе игра најскапиот чешки фудбалер

Вест хем го ангажира играчот за врска Томаш Соучек од Славија Прага на шестмесечна позајмица, со опција за откуп по крајот на сезоната. Чеканите исплатија 3,8 милиони фунти (4,5 милиони евра), додека клаузулата за откуп во јули изнесува 13,7 милиони фунти (16,2 милиони евра), што ќе биде рекорд за чешкиот фудбал.

Соучек со тоа ќе го урне рекордот на неговиот имењак и легенда на Арсенал Томаш Росицки поставен во 2001 година, кога Росицки од Спарта премина во редовите на Борусија Дортмунд за сума од 14,5 милиони евра.

Во првиот дел од сезоната Соучек се истакна како еден од клучните играчи на Спарта со реализирани 12 гола на 26 меча во сите натпреварувања, како и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести