За викендот добивме МИЛИОНЕР на оваа игра, вчера нова голема добивка на иста тактика

Тактиката да се игра на голови во двете полувремиња од фудбалските натпревари одлично ја користат дел од играчите во Sport Life. Изминатиов викенд веќе пишувавме за играчот од Охрид кој со минимални 20 вложени денари успеа да добие МИЛИОН денари на играта за голови во двете полувремиња.

Вчера, понеделнички му се посреќи на играч од Скопје, кој погоди пет меча чии коефициенти се движеа од 2.70 до 5.35. На тикетот уплатен со 500 денари, бруто-добивката е 233.784 денари.

НА ЧЕТИРИ МЕЧА НЕМАШЕ НИКАКВИ НЕРВОЗИ И ЛЕСНО БЕА ПОГОДЕНИ, НО ПЕТИОТ ДУЕЛ БЕШЕ ВИСТИНСКА ДРАМА

Во Норвешка, Стабек убедливо со 4:0 славеше над Асане, а домаќините постигнаа по два гола во двете полувремиња. Во Грција, АЕК лесно со 4:1 го победи Јоникос, а домаќините на полувреме водеа со 2:0.

Верона на полувреме водеше со 1:0 против Удинезе, но гостинот во вториот дел направи пресврт и на крајот славеше со 2:1, но многу поважно е дека во двете полувремиња имало од 1-2 погодока.

Како по ноти одел и резултатот на дуелот од Исланд, каде што Брејдаблик на полувреме водеше со 1:0, а на крајот славеше со 3:0 во дуелот со Стјарнан, исполнувајќи го условот да има 1 до 2 погодоци во двете полувремиња.

Од сите мечеви, најдраматично беше во предградието на Мадрид, каде што Рајо Валјекано играше против Елче. На полувреме резултатот беше 1:1, но во вториот дел мрежите мируваа. Судијата покажа шест минути продолжување, а во 90+6 минута, Лопез погоди за голема радост на навивачите на Рајо Вајекано, но и на обложувачот кој чекаше барем еден погодок во вториот дел.

- Оглас -

Најнови вести