Задутре во Лигата на шампионите се игра меч на кој на двата тима им одговара нерешено

Нерешен резултат е најверојатен исход на мечот Штутгарт – ПСЖ од фудбалската Лига на шампиони.

Според светските букмејкери, а и во понудата на најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, квотата за нерешено е помала отколку за победа на Швабите или на Светците.

Иако сите средби од последното коло од лигашкиот дел на ЛШ се играат во исто време, среда од 21 часот, со цел да се избегнат манипулации, сепак Штутгарт и ПСЖ може „да си подадат рака“ за реми и така двата тима да влезат во разигрувањето за место во осминафиналето.

Ако Штутгарт – ПСЖ заврши нерешено, тогаш испаѓаат Клуб Бриж, Бенфика, Спортинг и Динамо Загреб, дури и ако победат во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести