Загриженост во Ливерпул по повредата на главата на голманот Алисон

Бразилскиот репрезентативен голман и член на Ливерпул, Алисон Бекер, имаше тежок судир со фудбалерот на Колумбија, Дејвинсон Санчес, по што двајцата мораше да бидат заменети. Во 78-мата минута, при обид да интервенира, Алисон и Санчес се судрија глава со глава, а лекарот на Бразил веднаш побара негова замена.

Од медицинскиот тим на Кариоките известија дека голманот се чувствувал зашеметено, па мора да бидат спроведени сите процедури кои се применуваат при повреди на главата.

Тоа значи дека сега ќе следуваат дополнителни медицински анализи, а тој ќе биде неизвесен за мечот од следното коло против Аргентина. Повредата на Алисон предизвика загриженост и во Ливерпул, со оглед дека тој е незаменлив на нивниот гол.

- Оглас -

Најнови вести