Закана за поранешните европски прваци: Ќе ги бркаме по терен, ако не почнат да играат фудбал

Играчите на Стеауа се под голем притисок што може да стане и многу незгоден за нив, ако не ја поправат формата во финишот на плејофот во Романија.

Денеска во нивната тренинг-база ги посетија навивачите, кои упатија закана дека ќе биде жешко во финишот на сезоната, доколку фудбалерите на покажат дека го сакаат клубот и не играат со срце.

„Не им се закануваме, но и нема да дозволиме да се шетаат по теренот. За клуб што е поранешен европски првак и најтрофеен во Романија, ваквиот однос на играчите е срамен. Или ќе играат фудбал, или ќе бегаат по терен од навивачите“, изјави Георге Мустаче, еден од лидерите на навивачката група што ја поддржува Стеауа.

Првиот европски првак од Источна Европа игра слабо во плејфот во Романија и титулата е недостижна. Стеауа, или како што сега се нарекува клубот ФЦСБ има четири меча без победа и е на петтото место со 28 бода, во конкуренција на шест клуба.

Шанса за трофеј сезонава ќе им биде финалето во националниот куп против Сепси, екипа која игра во плејаут лигата за опстанок.

 

- Оглас -

Најнови вести