Заминувањето на Погба нема да биде загуба за Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед вечерва ја започнува трката во групната фаза од Лигата на Европа. Најтрофејниот англиски клуб ќе мора да игра во второто по ранг натпреварување на УЕФА откако не заврши во топ 4 во Премиер лигата. Една од легендите на златната генерација на Манчестер од пред 10-тина години, Пол Сколс, вели дека од „Олд Трафорд“ треба да си замине Пол Погба.

„На сите им е јасно дека Погба сака да игра за Реал Мадрид. Не знам од кои причини пропадна договорот.Можеби челниците на Манчестер јунајтед му даваат уште една година, но, според мене, заминувањето на Погба од клубот нема да биде загуба. Неговата форма не е на највисоко ниво. За овие две-три години, колку што е во клубот, тоа што тој го одигра сигурен сум дека ќе го одиграат и многу помалку познати фудбалери“, рече Сколс.

Манчестер јунајтед вечерва на „Олд Трафорд“ ќе игра против Астана во рамките од првото коло од Лигата на Европа, а настапот на Погба е неизвесен бидејќи Французинот се жали на повреда на глуждот на ногата.

 

- Оглас -

Најнови вести