Комплицирано е – Роналдо го препорачал Фернадеш, за да го врати Погба во Јувентус

Италијанските медиуми објавија интересна приказна во која главната улога ја има Кристијано Роналдо, а целта е Јувентус повторно да го врати Пол Погба во своите редови.

Текот на настаните се движи отприлика вака: Роналдо е многу влијателен во португалската репрезентација и му дал совет на Бруно Фернандеш да потпише за Манчестер јунајтед, со што и му помогнал во изборот на сонародникот и отворил простор за кам-бек на Пол Погба во Јувентус.

Фернадеш и Роналдо се поранешни играчи на Спортинг Лисабон што е уште еден клучен момент во целата приказна. Бруно веќе игра за Манчестер јунајтед, клуб за кој настапуваше и Роналдо, па Кристијано направи добар потег за својот сонародник. И патем покажува дека е влијателен што ќе му ги зацврсти позициите во Торино, секако со голем бонус ако со негова помош успее и операцијата враќање на Погба.

Францускиорт репрезентативец е повреден и не игра за Манчестер јунајтед, но и кога беше на терен не прикажа ниту мал дел од репертоарот што го презентираше во дресот на Јувентус.

Старата Дама го донесе Погба во 2012 година од Манчестер јунајтед бесплатно, а по 4 години одлични настапи на Пол го врати назад во трансфер што ги чинеше ѓаволски скапо „Црвените ѓаволи“. Манчестер во 2016 година му плати на Јуве 105 милиони евра за Погба.

 

- Оглас -

Најнови вести