Ѕаниоло: Мамо, имаш 40 години, ме срамиш со сликите!

Франческа Ѕаниоло е 40-годишната атрактивна мајка на фудбалерот Николо, кој е млада ѕвезда во налет, но на фудбалерот на Рома не му се допаѓа што мајка му на социјалните мрежи објавува и разголени слики.

Младиот репрезентативец на Италија се срами од некои од фотографиите и јавно порача дека не треба да ги објавува.

„Мајко, имаш 40 години, немој веќе да ме срамиш“, искоментира Ѕаниоло на едно од бројните селфија. Франческа не му одговори, но таа од јавен, својот профил на Инстаграм го направи приватен.

Мајката е горда на успесите на синот и често се фали со тоа, но уште почесто објавува „селфија“ на кои доминира популарната „лице на патка“, позирањето со испрчена уста. Таа повремено своите 285.000 следбеници знае да ги почести и со по некоја секси фотка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести