Започна продажбата на билетите за мечот на Македонија и Белгија

Денеска од 18:30 часот започнува продажбата на билети за натпреварот Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку веб – платформата на ФФМ, (https://eticket.ffm.mk/).

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:

1. Посетете ја платформата https://eticket.ffm.mk/

2. Изберете го натпреварот;

3. Одберете седиште;

4. Извршете уплата;

5. Преземете го дигиталниот билет;

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на македонските репрезентативци да дојдат до позитивен резултат против една од најдобрите светски селекции.“ – велат од ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести