Започнува Мото ГП, коефициентот за победа на шампионот е одличен!

По долго чекање и пролонгирање на сезоната поради пандемијата на корона-вирусот, денеска конечно започна новата сезона во Мото ГП шампионатот. Вкупно 22 возачи ги запалија своите мотори и стартуваа на првиот петочен тренинг на патеката во Херез за големата награда на Шпанија. Ова ќе биде 72-ра сезона во најбрзиот мотошампионат.

Околу прашањето за тоа кој возач со какви шанси стартува, речиси сите се едногласни дека актуелниот првак Марк Маркес е апсолутен фаворит да го одбрани тронот. Шпанецот со својата Хонда е убедливо најбрз возач на денешницата и е фаворит за освојување на деветата титула во кариерата.

Во корист на Маркес оди и фактот дека неговиот најголем ривал Андреа Довициозо пред три недели ја скрши клучната коска. Италијанецот кој вози за Дукати ќе се трка и во Херез, но прашање е во каква форма се наоѓа сега. Како најголеми ривали на Маркес во првата трка се наведуваат Маверик Виналес на Јамаха, Фабио Квартаро на Јамаха и Алекс Ринс на Сузуки.

Според распоредот, сезонава ќе има вкупно 13 трки на осум различни патеки, но можно е дополнително да се додадат и трките за Големите награди на Тајланд, Малезија и Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести