Новата НБА-сезона започнува доцна вечерва со два натпревари. Актуелниот шампион, Бостон, е фаворит да ја одбрани титулата според квотите во Sport Life. Квотата за нова титула на Селтикси е 4.05, а веднаш зад нив со квота од 6.10 е Оклахома. Со едноцифрена квота е и екипата на Њујорк, 8.70, а потоа следуваат Филаделфија (10.80), Денвер (11.70), Минесота (11.80), Далас (13.00), Милвоки (15.00) и Феникс (30.00).
На првиот натпревар од новата сезона ќе настапи токму шампионот Бостон, кој на домашен терен го пречекува Њујорк. Домашните се фаворити со квота од 1.51 за победа, додека победа на гости има квота од 2.85.
Многу понеизвесно се очекува да биде на вториот меч, оној во Лос Анџелес. Квотата за победа на Лејкерс е 2.12, додека гостите од Минесота се во мала фаворитска предност со квота од 1.85.
Во богатата понуда на Sport Life за натпреварите од НБА-лигата се и кошаркарите со најпопуларната игра „плус-минус“ поени. Комплетната понуда на Sport Life за натпреварите од НБА-лигата може да ја погледнете ТУКА.