Играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, ги очекува возбудлив викенд со неколку дерби натпревари ширум Европа. Колото започнува во 15:30 часот, а до тогаш може да се типува доколку тоа се уште го немате направено.
Ел Класико е најголемиот предизвик, но тука се и пресметките на Арсенал и Ливерпул, односно на Интер и Јувентус. Оние кои веќе типувале ги имаат своите фаворити, во предност се домашните екипи на сите три дуели, но најнеизвесно е на мечот во Лондон, каде одлучуваат нијанси во предност на Арсенал.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.