13.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Започнува продажбата на влезници за мечот Македонија – Италија до 21 година

Фудбалската федерација на Македонија објави дека од утре во 10 часот започнува продажбата на влезници за квалификацискиот натпревар на младата репрезентација на Македонија до 21 година против Италија, кој ќе се одигра на 9 септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Влезниците по цена од 200 денари можат да се купат

On-line преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.

По цели 31 година, Македонија повторно игра во Битола. Прв и последен пат тоа беше во 1994 година, против Шпанија, токму со репрезентациите до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести