Заработува само 145 фунти неделно, а по Коронавирусот треба да стане милионер

Џуд Белингем е 16-годишен тинејџер кој сезонава беше стандарден првотимец во екипата на Бирмингам во втората по квалитет англиска лига. Белингем целосно ја искористи шансата и на секој меч ги воодушевуваше сите, покажувајќи го големиот талент кој го поседува.

Токму затоа, Белингем е цел на повеќе европски клубови, а многу веројатно е дека неговата следна дестинација ќе биде Борусија Дортмунд. Тоа е одлуката на самиот тинејџер, кој реши да ги отфрли сите понуди од Манчестер јунајтед, иако Црвените ѓаволи го ангажираа дури и Сер Алекс Фергусон да го убеди талентот да дојде на „Олд Трафорд“.

Интересно е што Белингем моменто добива само 145 фунти неделно, а со договорот во Борусија неговото конто сигурно ќе стане милионско. До стопирање на сезоната во Англија, талентот на Бирмингам одигра вкупно 35 меча и даде четири гола, а имаше и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести