Заслужи нов договор – Манчестер сити стана првак благодарение на играчот кој што ќе го „шутнат“

Манчестер сити со неверојатен пресврт од 3:2 ја победи Астон Вила и ја освои седмата титула во клупската историја во Премиер лигата.

Најзаслужен за камбекот од 0:2 и конечниот триумф е Илкај Гундоган. Пред само неколку дена беше објавено дека на Гундоган му било соопштено дека не е во плановите на Гвартиола за следната сезона и дека нема да му биде продолжен договорот кој што му истекува во 2023 година.

Но, Германецот влезе во 68-та минута и со погодоците во 76-та како и 81-та, донесе голема радост на „Етихад“.

Дали сето тоа е доволно да го промени мислењето на челниците на Манчестер сити, останува да се види во наредниот период.

 

- Оглас -

Најнови вести