Затоа е најдобар напаѓач во светот: Левандовски знае каде треба да стои, а Баерн Минхен реди само победи (ВИДЕО)

Роберт Левандовски едноставно е незапирлив, а истото може да се каже и за неговиот тим Баерн Минхен.

Полјакот иако денеска не беше брилијантен, сепак знаеше каде да се постави на вториот гол за неговиот тим и да ја затресе мрежата во 75. минута, во победата од 2:1 над Фрајбург.

Лирој Сане доби една топка на 10 метри пред противничкиот гол и се обиде да шутира од прва, но, не ја погоди најдобро топката, која заврши во нозете токму на Левандовски кој нормално, не знае да згреши од таа ситуација.

Стрелец на првиот гол за Баварците беше Леон Горецка во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Јаник Хаберер во последните мигови. Со тоа, Баерн стигна до бројката од 28 бодови во Бундеслигата по 11 одиграни натпревари.

БУНДЕСЛИГА
Баерн Минхен – Фрајбург 2:1
Бохум – Хофенхајм 1:0
Штутгард – Арминија Билефилд 0:1
Волфсбург – Аугсбург 1:0

- Оглас -

Најнови вести