Затоа се сели од Спорт Клуб на Арена: ТВ-правата за Премиер лигата продадени дури десет пати поскапо

Истражувањата и информациите на британските весници „Атлетик“ и „Тајмс“ откриваат дека српската компанија „Телеком Србија“ ќе издвои дури 600 милиони фунти за телевизиските права за мечевите од фудбалската Премиер лига во наредните шест сезони.

Ова ги засега и македонските љубители на фудбалот, кои уште оваа сезона мечевите од англискиот шампионат може да ги гледаат на Спорт Клуб, а од следната сезона на Арена спорт.

Компанијата „Јунајтед груп“, која го поседува Спорт Клуб, досега издвојуваше по 10 милиони фунти по сезона, што значи дека „Телеком Србија“ платил десет пати повеќе за правата, или 100 милиони годишно. Дури ни во Кина или Австралија не се плаќа толку многу, а договорот на Србите е блиску до договорот на „Беин спортс“, кој ги покрива арапските земји и издвојува 124 милиони годишно.

Убедливо најбогат шестгодишен договор има американската НБЦ, која ќе плати 2 милијарди долари, или 333 милиони фунти годишно за ТВ-правата за Премиер лигата за територијата на САД.

- Оглас -

Најнови вести