Затворен стадионот на Ривер! Не се знае каде ќе се игра финалето

Нема крај на сапуницата наречена финале во Купот Либертадорес. Ривер плата и Бока јуниорс вечерва требаше да го одиграат реванш мечот и да решат кој ќе биде новиот јужноамерикански првак, но тоа не се случи. Причина за тоа се нередите кои ги приредија навивачите на Ривер.

Домашните фанови првично ги нападнаа гостинските играчи, а потоа се случија големи нереди и околу стадионот „Монументал“. Неколку играчи на Бока јуниорс завршија во болница поради нападот, па по неколку саати размислување, беше решено финалето да се одложи за 24 часа.

Откако нередите продолжија, градските власти изненадувачки решија да го затворат стадионот „Монументал“. Тоа значи дека домот на Ривер е суспендиран и не се знае каде ќе се игра реванш дуелот кој треба да се игра в недела со почеток во 21 часот и по кој треба да се знае новиот јужноамерикански првак. Можно е од Ривер да добие парична казна за лоша организација, па доколку таа биде платена, мечот сепак да се одигра на местото на кое првично и требаше да се игра реваншот.

 

- Оглас -

Најнови вести