Лука Јовиќ може да заврши во затвор и да отслужи казна од шест месеци за непочитување на законите за време на карантинот кој беше воведен во Србија во март, односно во екот на пандемијата на корона-вирусот.
Јовиќ при самото враќање од Мадрид ги прекрши законите, па одби да плати околу 25.000 евра мислејќи дека воопшто нема да има последици. Сепак, одбинителството во Србија отвори случај против членот на Кралевите под сомнеж дека извршил кривично дело непочитувајќи ги здравствените прописи за време на пандемија.
Јовиќ беше уловен низ улиците во Белград како безгрижно се шета, а потоа се правдаше дека не бил запознаен со мерките, а тужбата против него е покрената откако одби да исплати 3,5 милиони динари во хуманитарни цели за да избегне затворска казна.