-7.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Заврши договорот на Милевски со ФФМ, тој вели дека има желба да остане селектор

Македонија вторпат во низа ќе игра во бараж за пласман на Светското првенство, но финишот на квалификациите го расипа резултатот од гостувањето во Велс, каде што нашата репрезентација загуби со 7:1.

Овој меч беше и последен за селекторот Благоја Милевски, барем според тоа што го има како актуелен договор со челниците на Фудбалската федерација на Македонија. Договорот на селекторот е до крајот на квалификацискиот циклус за СП 2026, а тој заврши вечерва.

По поразот од Велс, Милевски порача дека е подготвен да остане на чело на репрезентацијата.

„Никогаш нема да ми недостасува емоција или желба да ја предводам Македонија“, беше коментарот на Милевски од Кардиф.

Во следниот период останува челниците на ФФМ да го прекинат молкот и да „пресечат“ дали повторно ќе му ја дадат довербата на Милевски да биде предводник на националниот тим и во бараж-мечот или Македонија ќе добие нов предводник од клупата.

- Оглас -

Најнови вести