Заврши љубовта меѓу Реал Мадрид и фудбалерот кој освои 17 трофеи во Кралскиот клуб

Марко Асенсио си заминува од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезонава. На шпанскиот репрезентативец му завршува договорот со Реал Мадрид, а неговата одлука е да не ја продолжи соработката. Тоа значи дека по девет години, Асенсио ќе најде нов клуб.

Асенсио пристигна во Реал во 2014 година од тимот на Мајорка. Оваа сезона одигра 50 меча во кои постигна 12 погодоци, а имаше и осум асистенции.

Во дресот на Реал Мадрид, Асенсио освои вкупно 17 важни трофеи од кои три во Лигата на шампиони, три во Примера дивисион, четири светски клупски првенства, три европски Суперкупа, три шпански Суперкупа и еден Куп на кралот.

Според најавите, Астон вила е клубот кој сака да го доведе Асенсио, но можно е во трката за искусниот фудбалер да се вклучат и други екипи од Премиер лигата, како и тимови од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести