Заврши најмасовната трка – Го бараа дури 30 клубови, Кубо ќе игра за Вилјареал

Такефуша Кубо се сели од Мајорка во Вилјареал и ќе игра како позајмен играч за Жолтата подморница и повторно ќе биде дел од шпанската елита во Ла Лига.

Реал Мадрид, чиј играч е Јапонецот, се согласи да му го отстапи одличниот напаѓач на Вилјареал до јуни идната година.

Интересно е што беше објавено дека дури 30 клуба му се обратиле на Реал Мадрид со барање да им го отстапи 19-годишното крило, што е најмасовна трка за играч досега.

Интересно е што Кубо четири години беше дел од младинската Академија на Барселона, потоа се врати во Токио, клуб што му го продаде офанзивецот на Реал Мадрид во 2019 година.

Такефуша нема настап за Кралскиот клуб, а ова сега со Вилјареал му е втора позајмица, откако во сезоната што неодамна заврши му беше соиграч на Александар Трајковски во Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести