Каква бркотница – Соиграч на Трајковски има неверојатни 30 понуди, Реал има слатки маки

Вилјареал по се изгледа ќе ја добие досега најжестоката битка за играч во Европа, а интересно е дека се работи за Јапонец.

Такефуша Кубо е играч на Реал Мадрид, клуб кој има слатки маки каде да го испрати репрезентативецот на Јапонија. Објавено е дека Кралевите добиле дури 30 понуди од различни клубови за да го ангажираат Кубо, кој интересно нема доиграно ниту еден меч за Реал.

Во минатата сезона шампионот на Шпанија го испрати 19-годишниот напаѓач на позајмица во Мајорка, а Кубо фсо одлични настапи го потврди раскошниот талент. За Мајорка која испадна играше и Александар Трајковски.

Јапонецот имаше понуда од Баерн Минхен да игра како позајмен фудбалер за германскиот првак, но ја одби. Баварците понудија пет милиони евра само за да го позајмат Такефуши, кој не сака да биде резерва и сака да игра, па најверојатно ќе го облече дресот на Жолтата подморница, на шпанскиот прволигаш Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести