Заврши паузата: Де Хеа по една година му се враќа на фудбалот?

Шпанскиот голман Давид де Хеа додека беше на голот на Манчестер јунајтед, важеше за еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа. Минатото лето му заврши договорот со Црвените ѓаволи, а тренерот Ерик тен Хаг не сакаше да го задржи бидејќи му бил потребен голман кој подобро игра со нога.

Тоа значеше дека Де Хеа по 12 години во Манчестер јунајтед, ќе мора да бара нова средина, а имаше неколку понуди од европски екипи, но и од клубови од Саудиска Арабија. Со никого не се договори и оваа сезона правеше пауза, а сега веќе се најавува дека следната сезона ќе го видиме на голот на Бетис, кој мора да најде нов голман бидејќи Клаудио Браво има 41 година и ќе оди во пензија.

Интерес од Бетис имаше и минатото лето, но голманот и клубот не ги договорија финансиските услови. Давид де Хеа беше на голот на Манчестер јунајтед на 545 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести