Заврши постот за ПСЖ

Пари Сен Жермен без проблеми ги освои трите бода на „Паркот на принцовите“ откако со 2:0 славеше над Брест, во меч од 21 коло во француското првенство. Килијан Мбапе го сруши бедемот на гостите со погодок во 34 минута.

На почетокот на второто полувреме Керер зголеми на 2:0, што беше знак дека ПСЖ ќе стави крај на мини лошата низа од два меча без победа во првенството. За Светците ова е девета победа во 10 меч на свој терен и тимот сега има 50 бодови, што е доволно за двоцифрена предност во однос на вториот на табелата, екипата на Ница која има 39 бодови.

- Оглас -

Најнови вести