Заврши сезоната за Марко Ројс?!

Информацијата дека Марко Ројс, капитенот на Борусија Дортмунд, нема да закрепне до дербито со Баерн Минхен и дека најверојатно нема да може да игра до крајот на сезонава е сериозен удар за шампионските амбиции на тимот.

Милионерите од Дортмунд на 23 мај (сабота) гостуваат кај Волфсбург, а три дена подоцна, на 26 мај, на „Сигнал Идуна парк“ го пречекуваат лидерот и главен кандидат за титулата, Баерн.

Ројс има повреда на мускулот на бутот на ногата и лекарите велат дека мали се шансите тој да се врати на теренот до крајот на сезонава. Дортмунд на првиот меч по паузата го растури Шалке, но отсуството на офанзивецот Ројс може да се почувствува на некој од наредните мечеви од Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести