Здебелениот Раониќ со моќни сервиси го уништи Циципас

Црногорскиот Канаѓанец, Милош Раониќ, е прв финалист на Мастерсот Синсинати кој се игра во Њујорк, откако вечерва со 7-6, 6-3 го совлада Гркот Стефанос Циципас. Раониќ после четири години првпат ќе игра финале на еден турнир од Мастерс 1000 серијата. Тој никогаш не освоил титула на ваков турнир.

Раониќ кој за време на корона-паузата стави многу килограми плус и делува подебел од претходно, сервираше одлично (освои 90 проценти од поените на прв сервис) и Гркот не можеше да се одбрани.

Во финалето, Раониќ ќе игра со Новак Ѓоковиќ или Роберто Баутиста Агут. Српскиот тенисер е фаворит и ако победи, тоа ќе биде лоша вест за Раониќ кој никогаш во кариерата го нема победено Ѓоковиќ. Новак е еден од ретките играчи кои добро може да се бранат од сервисите на Милош, па затоа и скорот во нивните меѓусебни дуели е 10-0 за Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести