Милош Раониќ изгледа како да изел слон (Фото)

Малку тренирање за време на карантинот и многу јадење, е комбинацијата која ја користел тенисерот Милош Раониќ во изминатите месеци, за да дојде до сегашниот изглед, а тоа е многу килограми плус од вообичаеното.

Од март нема тенис, а Канаѓанецот роден во црногорската престолнина Подгорица многу се опуштил, што може да се види на една фотографија на која се тој и Аргентинецот Диего Шварцман.

Шокирани се и некои нивни колеги. Италијанецот Фабио Фоњини искоментира дека Милош изгледа како да изел слон. Иако има голем стомак, Раониќ е пријавен за настап на Мастерсот во Синсинати и за гренд-слемот САД опен.

- Оглас -

Најнови вести