Згодната претседателка му носи среќа на Сваровски Тирол

Сваровски Тирол новата сезона во австриската прва лига ја почна со победа од 3-1 над најтрофејниот австриски клуб Австрија Виена, и тоа донесе многу радост кај 47-годишната Дијана Лангес Сваровски, која е претседател на клубот.

Во минатата сезона Тирол беше прв во втора лига и сега влезе во елитата, а имаше старт од соништата. Претседателката Дијана е внука на основачот на компанијата за производство на накит, Сваровски.

Според тоа како изгледа, веројатно е физички најпривлечната претседателка на фудбалски клуб во Европа. Тоа очигледно е мотив плус и за играчите во зелено-бели дресови.

Дијана во минатото работела и како модел, а во светот на фудбалот влегла во 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести