Баш испадна кралско патување – По Каталонија, Реал Мадрид без пораз си замина и од Баскија (Видео)

Реал Мадрид имаше дводневна кралска авантура низ регионите во Шпанија, каде што клубот и не е најомилен, а по ремито во фудбалското Ел Класико против Барселона на „Камп ноу“ вчера, вечерва кошаркарскиот погон на славниот спортски гигант славеше победа во Баскија.

Во Виторија Гастез, Реал убедливо го победи домаќинот Басконија со 77:55 и со 12-та победа се искачи на второто место во Евролигата.

Во меч со малку кошеви имаше само четворица кошаркари со двоцифрен учинок. Кај гостите од Мадрид најефикасен беше Џордан Мики со 15 поени, а Руди Фернадес постигна 12.

Кај Виторија, која го доживеа деветтиот пораз во 15 меча, Шевон Шилдс беше прв стрелец со 14 поени, пред Торнике Шенгелија со 10.

- Оглас -

Најнови вести