Жабер втора година по ред ќе игра во женското финале на Вимблдон

Тунижанката Онс Жабер се пласира во финалето на Вимблдон каде ќе игра против Маркета Вондрушова од Чешка.

Шестата тенисерка на светот во полуфиналето беше подобра од Арина Сабаленка која ја совлада со 2-1 во сетови и тоа со пресврт, откако го загуби првиот сет (6:7,6:4,6:3).
Првиот сет беше решен во тај-брејкот, каде Сабаленка беше подобра, направи два мини-брејка и славеше со 7:5.

https://twitter.com/i/status/1679531310530846743

Белоруската тенисерка прва направи брејк и во вторито сет, но Жабер успеа да возврати во осмиот и десеттиот гем и израмни на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет, беше направен само еден брејк, во шестиот гем Жабер го одзеде сервисот на Сабаленка и со сигурен сервис ја зачува предноста и го освои сетот кој и донесе пласман во финалето.

Жабер втора година по ред ќе игра во финалето на Вимблдон, минатата година загуби од Елена Рибакина.

Нејзина противничка ќе биде Маркета Вондрушова која беше подобра од Украинката Елина Свитолина во два сета и тоа со 6:3,6:3.

Финалето во женска конкуренција, традиционално се игра в сабота.

- Оглас -

Најнови вести