Само еден ден откако Жалгирис Каунас го официјализираше ангажманот на Џок Лендејл од Партизан, од редовите на литванскиот гигант замина центарот Брендон Дејвис. Американецот од следната сезона ќе биде играч на Реал Мадрид, а постигнат е едногодишен договор.
Неодамнешниот европски првак сака што побрзо да се врати на континенталниот трон, откако минатиов викенд не успеа да ја одбрани титулата во Евролигата. Пабло Ласо добива центар со НБА искуство, а со неговите 27 години Дејвис би требало да биде замена за ветеранот Густаво Ајон.
Дејвис беше еден од клучните играчи на Жалгирис изминатава сезона во Евролигата. Од вкупно 34 меча, беше стартер на 33, а во просек постигнуваше по 14,2 поени и 5,5 скока по натпревар. Пред преселбата во Европа, Дејвис играше за Филаделфија севентисиксерс и Бостон селтикс.