Ракометната репрезентација на Македонија ги дозна противниците за Европското првенство 2022 кое во јануари идната година ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Лазаров и неговите избраници се најдоа во групата А против светскиот првак Данска, Словенија и Црна Гора, чии натпревари ќе се играат во Дебрецен.
Група А: Словенија, Данска, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора.
Група Б: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија.
Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина.
Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска.
Група Е: Шпанија, Шведска, Чешка, Босна и Херцеговина.
Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија.
Во квалификациите Македонија покажа дека може да се надигрува со Данска. Во селекторското деби на Кире Лазаров, нашата селекција ги надигра Данците среде Скопје со 33:29, што значи дека го имаме победничкиот рецепт против ракометниот великан.