Лига на шампиони ги доби најдобрите 16 екипи кои го продолжуваат патот во елитното друштво на УЕФА. Ждрепката за осминафиналето ќе биде в петок точно на пладне, а веќе е јасно кои се потенцијалните ривали и двојки.
Според костурот кој се формираше од претходно, јасно е дека Пари Сен Жермен ќе има тежок ривал. Актуелниот европски првак во следната фаза за противник ќе го добие Барселона или Челзи.
Галатасарај сигурно ќе игра против англиски тим, но прашање е дали тоа ќе биде Ливерпул или Тотенхем. На Ливерпул може да му се случи да игра и дерби против Атлетико Мадрид.
Откако ја елиминираше Бенфика, Реал Мадрид може да го добие Спортинг за следен ривал, но Кралевите може да добијат и мега дерби пресметка против Манчестер сити.


