Жељко Обрадовиќ се враќа на клупата на Панатинаикос?

Жељко Обрадовиќ е без ангажман откако во ноември минатата година го напушти КК Партизан.

Легендарниот српски тренер доживеа емотивна разделба со Партизан, но сега би можел да се врати во клубот каде што го остави најголемиот белег.

Според грчките медиуми, Обрадовиќ е многу блиску до спектакуларно враќање во Панатинаикос, со кој има освоено 11 титули шампион на Грција и пет европски трофеи.

Грчкиот гигант се наоѓа во сериозни проблеми по испаѓањето во четвртфиналето на Евролигата од Валенсија, а во Атина владее големо незадоволство. Актуелниот тренер Ергин Атаман е под силен притисок.

Наводно, тој не го водел ниту последниот тренинг на тимот, а во следните денови се очекува состанок меѓу Атаман и сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос.

Веста за можното враќање на Обрадовиќ ги воодушеви навивачите на Панатинаикос, кои на социјалните мрежи масовно ја поздравија можноста за негов камбек во клубот, каде што ги доживеа најголемите успеси во поновата историја.

Обрадовиќ го водеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година.

- Оглас -

Најнови вести