Жените знаат да бидат брутални: 1,2,3, и борбата е готова! (Видео)

Аргентинката Хулиета Мартинес покажа дека и во женските ММА борби може да има брутални нокаути. Таа против Бренда Олива, за само неколку секунди извојува победа, откако со силен и прецизен удар со нога ја патосираше противничката.

Судијата веднаш прогласи крај на борбата, Олива не беше во состојба да продолжи. Ова беше аматерска борба, можеби Мартинес би можела да прејде и во професионалки, иако кај неа недостасува ферплејот, бидејќи немаше поздрав со ракавици туку веднаш тргна да ја удира ривалката, а и не се грижеше за противничката да види како е, додека лежеше на земја.

- Оглас -

Најнови вести