Жесток судар на Чиро Имобиле со трамвај, во неговиот автомобил биле и двете ќерки! (Фото)

Капитенот на Лацио и италијански репрезентативец, Чиро Имобиле, утрово пред 8 часот учествувал во сообраќајна несреќа, во која за среќа нема жртви, но предната страна на автомобилот на Имобиле од марката „Ленд Ровер дифендер“, е смачкана по судар со трамвај.

Во автомобилот на Имобиле, со него биле и двете ќерки, а по судирот се отворило воздушното перниче, па фудбалерот минал без посериозни последици. Сепак тој и ќерките биле испратени во болница на прегледи, а истото важи и за уште четири лица, меѓу кои и возачот на трамвајот.

Според Имобиле, кој дал кратка изјава, виновен е возачот на трамвајот, бидејќи поминал на црвено светло. Имобиле рече дека е добар, но се пожали на болки во рамото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести