Жестока реакција на полицијата да ги смири навивачите пред градското дерби во Германија (Видео)

По повеќе од две и пол години поминати во рестрикции поради пандемијата, денеска се игра градското дерби меѓу Сент Паули и Хамбургер. Стадионот „Милернтор“ е домаќин на дербито кое имаше жестока предигра.

Непосредно пред стадионот навивачите на двата тима се судрија меѓу себе, а потоа реагираше и полицијата. Припадниците на специјалната полиција не штедеше никого, па на видеата кои беа направени може да се забележи нивната жестока реакција при апсењето на навивачите.

Засега нема информации колку луѓе се уапсени, а колкумина се побредени, Сент Паули и Хамбургер играат во Втората Бундеслига, популарната Цвајте, а ова е нивни 108-ми меѓусебен дуел. Хамбургер ја брка 69-тата победа, 16 меча завршиле нерешено, а Сент Паули се надева на 24-тиот триумф во големото градско дерби.

 

- Оглас -

Најнови вести