Жестока тепачка меѓу тифозите на Челзи и на Бетис (Видео)

Во пресрет на финалето на Конференциската лига во Вроцлав, навивачите на Челзи и Бетис влегоа во жесток судир на улиците пред неколку барови, што доведе до интервенција на полската полиција, која користела солзавец за да ги растера насилниците.

Сведоци пријавиле дека биле фрлани столици и други предмети, а насилството брзо ескалирало, што ја натерало полицијата да реагира за да спречи понатамошни инциденти. Властите соопштија дека бројот на припадници на безбедносните сили е значително зголемен со цел сите граѓани и гости во градот да се чувствуваат безбедно.

Покрај полицијата, на терен се и противпожарни единици и служби за итна помош, особено во зоните околу стадионот и местата каде што се собираат навивачите. Спроведувањето на мерките за безбедност вклучува улични патроли, надгледување со дронови и хеликоптери, како и брзи интервенции на критични локации.

Криминалистичката полиција веќе работи на идентификација на учесниците во судирите, а очекувањата се дека финалето ќе се одржи под засилени безбедносни протоколи.

- Оглас -

Најнови вести