Жетварскиот период задоцни за месец, но важно го дочекавме

Кај нас за месец на жетвата се смета јуни, шестиот месец од годината, но на фудбалските терени и во обложувалниците оваа година жетвата малку задоцни. Ја дочекавме во јули, а морам да кажам дека беше доста плодна. Во овој недовршен месец фрчеа добитни тикети на сите страни, благодарение на екипите кои се најчести на пишаните ливчиња преку кои се трага по добивка, а морам да се пофалам дека и јас имав неколку „опасни“ предлози, трипати досега составив добитен тикет со по пет парови, учинок од кој сум задоволен и ќе се трудам во иднина да го подобрам.

Во просек на секои девет дена нудев по еден добитен тикет, кој ме послуша, нека му е со среќа, а за остатите, препишете ме некогаш, може и вас ќе ви се посреќи!

Морам да ги пофалам и редовните обложувачи, заедно со спортистите чекаа да продолжат првенствата за повторно да влезат во ритам и игра за добивка. За многумина чекањето се исплатеше во завршницата од првенствата, а се погодуваа дуели каде што ќе беше грев да се направеше утка, но имаше и доста зицери односно екипи кои мораа да ги остварат целите, како освојување титула или, пак, пласман на меѓународната сцена, односно изборување опстанок во елитата.

Почнавме од солидни добивки до 700.000 денари, стигнавме до највисока од 27.000 евра при погодени точни резултати, опасни мајстории кои само храбри типстери би ги уплатиле. Не можеа да се промашат ниту честите пресврти во Калчолигата, а махерски беше тикетот со погодени сите 12 натпревари во последното коло од Чемпионшип лигата.

Ваква жетва во јули не се памети и којзнае кога повторно ќе се случи.

ЖЕТВА И НА ТЕРЕНИТЕ, СЕ СОБИРАА ТРОФЕИ

Ова е период во кој кога ќе се спомне трофеј или титула, се помислува на Ливерпул. Заврши тридецениската агонија без англиска круна, Црвените по долго време повторно се најдобри на Островот.

Никој не е посреќен од навивачите на Ливерпул, за нив оваа титула значи многу повеќе од која било друга, дури е подрага од европската освоена минатата година. Не само што Ливерпул ја освои титулата по 30 години, туку тоа го стори во голем стил, на шармерски начин.

Повеќе од половина сезона тимот на Јирген Клоп не знаеше што е тоа пораз, направија невиден јуриш кон тронот оставајќи ги ривалите далеку назад, што дури пред Новата година се знаеше кој ќе биде новиот англиски владетел. Сега тие ќе бидат главни фаци во следниот период, а од септември тргнуваат во нова мисија по одбрана на тронот.

Алиоски со Лидс беше крунисан за шампион во второто англиско натпреварување, а дополнителна награда е што од следната сезона ќе гледаме македонски репрезентативец во Премиер лигата.

Во Шпанија исто така се смени владетелот, Кралевите беа крунисани по 34-ти пат и по две години ја тргнаа Барселона од престолот. Паузата добро му дојде на Реал Мадрид, Зидан доби време да ја смисли победничката формула, која очигледно донесе резултати, а воедно гигантот од Мадрид профитираше од капитулацијата на Каталонците.

Вчера го добивме и новиот, односно стариот шампион на Италија. Јувентус го освои деветтото Скудето во низа, односно 36-то во клупската историја. Бјанконерите остварија досега невиден рекорд во Топ-5 лигите во Европа со девет титули по ред, а сега имаат колку Милан и Интер заедно.

Трофеј во јули си собра и ПСЖ, освои еден од двата купови во Франција, за вториот ќе се бори во последниот ден од јули.

ДОАЃА АВГУСТ, А ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЖЕТВАТА ЌЕ ЗАВРШИ

Фудбалската сезона е при самиот крај кога станува збор за домашните првенства, меѓутоа во втората недела од август продолжуваат возбудувањата на меѓународната сцена.

Треба да се добие новиот европски шампион. Ливерпул не ја брани титулата, но тука се гигантите како Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер сити, Јувентус, ПСЖ, кои со сите сили ќе се докажуваат дека се најдобри меѓу најдобрите.

Останаа половина реванши од осминафиналето кои чекаат да бидат типувани и со нив да се дојде до нови добивки. До самото финале ќе се нудат шанси за такво нешто, а секако може да се проба и обложување на кое ќе ја освои европската титула. Лигата на Европа исто така е на менито, што само го збогатува спектарот на натпревари за обложување.

На 1 август исто така ќе има борба за трофеј, Челзи и Арсенал ќе ги одмерат силите во финалето на најстарото фудбалско натпреварување, ФА купот, борба која ќе се одржи на култниот „Вембли“.

Исто така посебна возбуда буди и враќањето на НБА-лигата. Од 11 март американската кошарка застана со натпреварување, а 31 јули е денот кога најдобрите уметници со баскет повторно ќе истрчаат на паркетите. Веќе неколку дена екипите од НБА-лигата се загреваат во пресрет на рестартот на сезоната, а во Sport Life ви се достапни и контролните дуели за обложување.

Којзнае, можеби жетвата ќе продолжи и во осмиот месец, па ова ограничено лето да биде збогатено ако со ништо друго, барем со добивки.

- Оглас -

Најнови вести